Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Исполнето првото ветување на ВМРО-ДПМНЕ: Изгласана реорганизацијата на македонската Влада

Македонија добива Министерство за спорт, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровони,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија добива Министерство за спорт, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровони, други министерства добиваат проширени ингеренции, ресори се префрлуваат од едно во друго министерство. Со 88 гласа ЗА на предлог на мандатор Христијан Мицкоски изгласана реорганизацијата на македонската Влада. Ова претставува остварување на првото изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски со реорганизацијата на Владата ќе добијат граѓаните.

-Суштината на овој предлог кој што денеска имам можност да го образложам овде пред вас пратениците и пред македонската јавност е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики, со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. За да го направиме ова ни треба добра организација на Владата, изјави Мицкоски.

За реорганизирана Влада гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди, ЗНАМ и Европскиот фронт. Тоа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да обезбеди двотретинско мнозинство за структурални и важни прашања, бидејќи ДУИ која заминува во опозиција, овој предлог закон го гласаше без какво било условување. За овој потег интегративците добија пофалба и од ривалите, од коалицијата „Вреди“. Од таму велат од партијата на Али Ахмети покажале дека можат да бидат конструктивна опозиција.

Реклама

-Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок, велат од „Вреди“.

Против гласаа од СДСМ, иако нивниот пратеник Оливер Спасовски дека имале и тие сличен план.  

-Имавме и ние сличен или исти како што беше поставен пред Собранието. Сметаме дека системски закон да се носи по скратена постапка не е дозволено, посебно закон кој што уредува зголемување на бројот на министерства, агенции итн и мислам дека нема проценка на влијанието на регулативата од тоа нешто што е кажано, изјави Спасовски.

Против беа и Левица, немале време да го видат предлог законот, кој целата македонска јавност го знае со месеци.

-Како очекувате сега пратениците да се изјаснат за нешто толку важно кога ние најпрво не можеме да стигнеме да го разгледаме првиот предлог, а сега ниту вториот и немаме појма каде е измената“, кажа пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

Инаку новата Влада ќе има две нови министерства –  за енергетика рударство и минерални суровини и за спорт. Енергетика и рударство го воведуваат бидејќи досега тоа бил еден сектор во Министерството за економија кое многу слабо ја вршел работата. Досегашната Агенција за млади и спорт ќе биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади влегува во Социјална политика, демографија и млади. Ресорот труд влегува во Министерство за економија и труд, а оттаму се издвојува туризмот кој ќе биде дел од Министерството за култура.

Матеја Петровски