Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Економија

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари, подготвени уште 370 милиони денари за исплата

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. 

Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка. 

–  Процесот за Мој ДДВ е во тек. Сега треба да се реализира повратот за третиот квартал заклучно со 30 септември. За да започнеме со обработка на налозите почнуваме после поднесување на пријавите во септември. Може да дојде до определени застои кај некои физички лица за кои не е валидна трансакциската сметка што ја поднело лицето, односно технички проблеми кои не зависат од УЈП, појаснува Петрова.

Реклама

Во однос на повратот на ДДВ за компаниите, заклучно со вчера реализиран е поврат од скоро 500 милиони евра. Петрова вели дека тоа е контиуниран процес и дека налозите се изготвуваат за оние компании кои не се ризични, додека кај некои компании процесот трае подолго затоа што мора да се направат надворешни контроли.

–  Околу половина од дополнително утврдените даноци што не биле правилно пресметани и правилно пријавени од страна на даночните обврзници се однесуваат за ДДВ. Кажав дека имаме околу 60 милиони евра дополнително утврдени даноци во периодот јануари – октомври, од нив околу половина се однесуваат на Данокот на додадена вредност што значи дека мораме да ги правиле даночните контроли бидејќи на тој начин штитиме од буџетот да не се исплатат неосновано пари, вели Петрова, додавајќи дека секоја контрола зависи од големината на компанијата и дека некогаш е потребно и проширување на контролата.

Во однос на реализацијата на планот кај даноците, Петрова вели дека за периодот јануари-октомври имаат успешна реализација од околу 99 проценти кај данокот на додадена вредност и околу 95 проценти кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход, каде има помала реализацијата во однос на планираното, Петрова вели дека имаат многу активности што се во тек, а со кои очекува да се подобри реализацијата и во овој дел.