Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Инвеститорите задоволни од условите кои ги добиваат од Македонија

Странските инвеститори позитивно ја оцениле бизнис климата во Македонија, но сепак пронаоѓањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странските инвеститори позитивно ја оцениле бизнис климата во Македонија, но сепак пронаоѓањето на квалитетен работен кадар и понатаму останува горлив проблем. Најновата анкета, покажа дека 35% од компаниите со странски капитал се задоволни од инфраструктурата во Македонија, што е речиси двојно повеќе од лани, но дури 89 проценти од нив се соочиле со проблем да најдат соодветен квалификуван кадар. 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници, иако 90% од нив ги зголемиле платите просечно за околу 10 проценти. Како главна причина за недостигот на кадар, тие ја посочија миграцијата.

„90% од компаниите ги покачија платите во претходната година тоа е околу 10,5 прценти просечно, тоа е доказ дека не треба да имаме политички синдикални одлуки за покачување на плата….. 03:28 Во Пелагонискиот регион во наредните пет години, бројот на луѓе кои се меѓу 60 и 65 години е за нијанса поголем од луѓето кои се меѓу 24 и 29 години, односно бројот на луѓе кои ќе одат во пензија е поголем од бројот на оние кои би барале работа. Во Европа е уште полошо“, изјави Ѓорѓи Тренковски од „Кромберг и Шуберт“.

„Имаше и минатата година некои царински олеснувања односно синхрионизација со Европската Унија и тоа многу ни помогна на нас“, изјави Сашо Наков од „Амфенол“.  

Реклама

Во однос на проблемите со транспортните компании и штрајкот кој го направија, од Советот ја пофалија Владата за брзата реакција, за која велат дека спречила негативни последици за бизнисот. Кризата ги погодува сите, но она што во овој момент треба да се направи е да се искористи моментот и да се најдат можности за да се биде поконкурентен на пазарот, смета првиот човек на Советот Виктор Мизо. И покрај случувањата на Блискиот исток странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките .

„Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките“, изјави Виктор Мизо претседател на Советот на странски инвеститори.

 Во анкетата учествувале компаниите од произведствениот сектор и услужните дејности, а речиси половината  работат во технолошко-индустриските зони.