Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Инвестиција од 21 милион евра за набавка на 5 нови електрични локомотиви

Нови 21 милиони евра инвестиција влегува во македонскиот железнички сообраќај. Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 21 милиони евра инвестиција влегува во македонскиот железнички сообраќај.

Владата на Република Македонија потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за заем наменет за набавка на нови електрични локомотиви и модернизација на железничкиот транспорт.

Договорот за заем, вреден 20,9 милиони евра, денеска беше потпишан во Владата, а директен корисник на средствата е МЖ Транспорт.

Реклама

Со инвестицијата ќе се набават најмалку пет нови електрични локомотиви со пропратни резервни делови – чекор кој треба да значи целосна промена на состојбите во секторот што со децении беше запоставен.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека железницата со години била оставена без суштински вложувања, што директно влијаело врз извозот и довербата на меѓународните партнери, нагласувајќи дека новата инвестиција е почеток на системска обнова на секторот.

„Денес зборуваме за нешто што со децении беше запоставено, а има суштинско значење за економијата и за извозот кон Европската Унија – железницата. Со големо задоволство започнуваме инвестиции во железничкиот транспорт во износ од 21 милион евра. Анализите јасно покажаа дека без современи и функционални локомотиви, железницата не може да ја исполни својата економска улога и повторно да стане двигател на развојот, рече претседателот на Владата, Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски посочи дека Владата затекнала целосно нефункционален железнички систем, но дека со итни интервенции веќе е направен пресврт, со што се создадени услови за зголемување на карго и патничкиот сообраќај.

„Минатата година, кога беше формирана Владата, имавме нула оперативни локомотиви и бројни композиции кои остануваа на македонските пруги. Со напорна работа успеавме да ставиме во функција пет локомотиви, а денес имаме над 11 функционални. Со новите електрични локомотиви целосно се менува сликата за карго и патничкиот сообраќај, особено на коридорите 8 и 10, вели вицепремиерот Николоски.

Од Министерството за финансии велат дека заемот е обезбеден под поволни услови и е целосно усогласен со стратегијата за одржливо управување со јавниот долг, без ризик за стабилноста на јавните финансии.

„Договорот за заем што денес го потпишуваме со Европската банка за обнова и развој, во износ од 20,9 милиони евра, е резултат на интензивни и конструктивни преговори и потврда за довербата во нашите политики. Средствата се обезбедени под поволни услови – со долг рок на отплата, грејс-период и конкурентна каматна стапка, во согласност со стратегијата за одржливи јавни финансии, соопшти министерката за финансии Кочоска.

Шефот на ЕБОР пак истакна дека ова финансирање претставува стратешка инвестиција, која ќе помогне за работата на Железници, а на начин кој е еко-френдли, односно, со набавка на локомотиви кои не емитуваа CO2.

Проектот се реализира под името „Обновување на товарниот возен парк“ и, покрај набавката на локомотиви, предвидува и воведување на современ ERP-систем за поефикасно управување со ресурсите и зголемување на оперативната ефикасност.

Надлежните очекуваат новите локомотиви да донесат поголем транспорт на стоки, зголемена конкурентност на домашната економија и дополнителни приходи за претпријатието, како и придонес во намалување на загадувањето преку електричен и еколошки транспорт.