Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при УКИМ денеска во Кинотеката ќе промовира дигитална платформа, на која ќе биде достапен богатиот архив на институтот – фотографии, записи и аудиоматеријали од повеќе области.
-Овој проект беше реализиран во соработка со фирмата 4виртус, која технички ја изработи платформата. Проектот е поддржан од Министерствто за култура и туризам од конкурсите за креативни индустрии, соопшти Институтот за фолклор.
Како што наведува, учесници во проектот се проф.д-р Зоранчо Малинов, проф.д-р Јана Манева-Чупоска, проф.д-р Емилија Апостолова-Чаловска, доц.д-р Стојанче Костов и проф.д-р Александра Кузман.

