Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Инспекции и повисоки казни за маркетите што го оптоваруваат буџетот на граѓаните

Ланците на супермаркетите ако продолжат да го оптоваруваат домашниот буџет на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ланците на супермаркетите ако продолжат да го оптоваруваат домашниот буџет на граѓаните со изигрување на Законот за нефер трговски практики ќе мора да си стават клуч на врата. Ова е божиќната порака на премиерот Христијан Мицкоски до нив, кој во борбата против инфлацијата најави засилени инспекциски контроли на пазарот. Контролите на пазарната инспекција и на Комисијата за заштита на конкуренцијата во наредниот период ќе зачестат, а ќе следуваат и построги казни за супермаркетите согласно законски измени, кои допрва следуваат. Мицкоски не очекува дека инфлацијата ќе надмине 4 %. Тој нагласи дека дел од трговските синџири веќе се под лупа на институциите и дека за некои од нив постојат конкретни докази за прекршувања.

Според последните пресметки на Државниот завод за статистика во септември, инфлацијата бележеше минимално забавување, но сеуште е далеку од таргетираното ниво од 2 %. Цените на храната и основните производи и натаму остануваат меѓу најчувствителните за граѓаните. Токму трговијата на мало е секторот во кој најчесто се детектираат нерегуларности,  од неусогласени ценовници, преку прикриени маржи, до можно договарање на цени меѓу поголемите ланци.

Досегашните законски решенија предвидуваат парични казни, но институциите повеќепати укажуваа дека тие не се доволно обесхрабрувачки за големите трговски синџири. Токму затоа, најавените измени на Законот за нефер трговски практики треба да донесат повисоки санкции и појасни механизми за утврдување одговорност.

Реклама

Инаку, во ноември, Комисијата за заштита на конкуренцијата казни четири компании за малопродажба на храна поради забранет договор и усогласено делување. Маркетите заеднички ги одбивале новите ценовници од добавувачите, со што ја нарушиле конкуренцијата. Секој маркет е казнет со 50.000 евра, додека Сојузот на стопански комори поради тоа што бил координатор на акцијата, треба да плати казна од 18.000 илјади евра. 

Економските експерти оценуваат дека засилените инспекциски контроли можат краткорочно да ја стабилизираат ценовната политика, но дека долгорочниот ефект ќе зависи од доследната примена на законот и од транспарентноста во работењето на пазарот.