Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Инсистирам да се објави  – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна 

Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. 

Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, Мицкоски на новинарско прашање одгвоори дека „тоа е демократско право на секоја политичка партија доколку тие ценат дека таа стратегија во нивното политичко дејствување е добра, корисна и дека на тој начин ќе имаат успех“.

​-Но, јас сум зачуден зошто, да речеме, за првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Кога велам зачуден, тоа го кажувам, се разбира, иронично, бидејќи нормално е дека истата оваа политичка партија нема да го спомене него, бидејќи таа го поддржа на локалните избори во Гостивар. А сите знаат дека надлежност и право во случајот има општинското јавно комунално претпријатие. Обвинителството, заедно со Министерството за внатрешни работи, веќе обезбеди три лица и, колку што сум информиран, истрагата е сè уште во тек, не е затворена. Така што, мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други коишто, исто така, би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто обвинителството или МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел и учество во сето ова, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на населеното место Идризово во општина Гази Баба. 

Реклама

Зачуден е, рече, е од тоа зошто истите тие социјалдемократи во минатото не реагирале по допрен глас за неквалитет на водата во Гостивар, и во други општини, како Прилеп, Крушево, тогаш не поднеле кривични пријави против директори и министри и не презеле ништо. 

-Зошто против нив не поднесоа? Бидејќи тие ништо не преземале, оваа Влада презема. Првиот момент кога доби таков извештај, презема. Направи една робусна акција, го прочисти системот и повторно го врати во владение на општина Гостивар и во рацете на комуналното претпријатие коешто ја дава оваа услуга. Мислам дека им е погрешна таа стратегија, но во ред, тие си знаат најдобро, јас нема да им кажувам што е добро, што е лошо, додаде Мицкоски.