Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Инклузијата ја претстави Македонија на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Италија

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници.Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници.Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, соопштија од здружението.-Нашата група беше единствениот инклузивен ансамбл на фестивалот, испраќајќи силна порака дека фолклорот е мост кој ги обединува луѓето, без разлика на нивните различности. Со изведба на македонски народни ора, учесниците ја претставија богатата македонска традиција, култура и обичаи, освојувајќи го вниманието и аплаузите од бројната публика и останатите учесници.

Реклама

Освен од земјава, на фестивалот учествуваа ансамбли од Естонија, Мексико, Грузија, Србија, Чешка и Украина. Настанот беше можност за запознавање на различни култури, создавање нови пријателства и промовирање на вредностите на меѓусебното почитување, еднаквоста и
инклузијата.

-За членовите на Здружението „Трисомија 21“, ова учество претставува прво меѓународно искуство и доказ дека лицата со Даунов синдром, кога имаат можност , со многу работа и одличен ментор по фолклор, можат рамноправно да учествуваат во културниот и општествениот живот и со
гордост да ја претставуваат својата земја, посочуваат од здружението и додаваат дека со ова претставување испратиле порака дека инклузијата не познава граници и дека заедништвото, традицијата и уметноста се најсилните амбасадори на Македонија.