Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10 во фокус на средбата Николоски–Тигањ

Инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10 биле во фокус на средбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10 биле во фокус на средбата на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. Николоски ја потенцирал можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји.

Тој ги презентирал инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железнички коридори 8 и 10, како дел од европските транспортни мрежи. Посебен фокус бил ставен на изградба на брзата пруга на коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагласувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на овој проект.

Николоски и Тигањ разговарале и околу актуелните политички прашања во земјата и регионот, евроинтегративниот процес и стабилноста на Западен Балкан. Ги потврдиле одличните односи меѓу Македонија и Хрватска и се согласиле истите да продолжат да се одржуваат на високо ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателство меѓу двете земји.