Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Информативен мрак – ниту една од повиканите институции не открива како и дали постапила за „стратешките“ инвеститори

Молк од институциите кои треба да го регулираат трошењето народни пари на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Молк од институциите кои треба да го регулираат трошењето народни пари на државна помош. Комисијата за заштита на конкуренција не одговара на прашањата како ќе постапи по претставката од здружението на инженери за одобрување од скоро 50 милиони евра на грчки Митилинеос за изградба на гасна централа во скопска „Железара“. Дали новата претседателка на комисијата, Ана Николоска, која што беше назначена на местото на Владимир Наумоски непосредно пред спорните закони да бидат ставени пред пратениците ќе го слушне гласот на експертите и ќе даде негативно мислење?  Всушност, назначувањето на Николоска која има извршувано повеќе функции како кадар на СДСМ, се случува во моментот кога нејзниот потпис е клучен за одлуката за бизнисот кој ќе му донесе на инвеститорот милијарди.

Во минатото, Николоска беше казнета од Анткорупциска зашто немала доставено анкетен лист како член на Комисијата за заштита на конкуренција, а случајот се затвора кога си ја платила казната оти не го пријавила  имотот кој го поседува.  Нејзините служби денеска не одговорија на прашањата поставени од „Алфа“ како ќе одлучи за претставката за случајот Митилинеос.

Ни по една недела, откако ни побара време да провери, нема одговор од државниот правобранител какво мислење дал пред законите да дојдат во Собрание и кога е дадено истото.

Реклама

Зошто институциите молчат и не ги одговараат прашањата кои се од огромна важност за енергетската иднина на Македонија? Токму поради нетранспарентноста и невклученоста на експертската јавност, Антикорупциска во минатото предупредуваше дека во одредбите од законот за стратешки инвестиции има опасност за корупција, но нивните забелешки не се земени во предвид.

Нетранспарентноста на институциите оди дотаму што не откриваат кој се бил вклучен во пишувањето на законите за таканаречените стратешки инвестиции.

Здружението  на инженери официјално достави Барање до Владата за да им ги достават актите со кој се определени кооординаторите на проектите, кои се членовите на комисијата и експертите кои преговарале за стратешките инвестиции.