Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во 2025 година пораснала за 4,1 процент

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
МГС слика

А индексот на истите трошоци во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4,1 процент. Движењето е различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи.

Од Заводот за статистика појаснуваат дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: транспорт, рекреација и култура, здравје, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, ресторани и хотели и друго.

Реклама

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот има во групите: храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, а во образование и комуникации тие останале на исто ниво како и во претходниот месец.