Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024” според вработените

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024”, како треторангирана во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024”, како треторангирана во конкуренција од сите мали, средни и големи компании кои учествуваа во истражувањето на задоволство.
Признанието се заснова на мислењето на самите вработени искажано во анкета за задоволство спроведена преку Пулсер, прва независна платформа за мерење на задоволството на вработените во Македонија.

Наградата беше доделена на годишната церемонија „Работодавач на годината”, организирана од најголемата платформа за вработување во земјава – Vrabotuvanje.com

Учеството на компаниите во истражувањето е доброволно, а резултатите се засноваат на анонимни одговори од страна на вработените на анкета која го мери нивното задоволство со повеќе аспекти на работното место, вклучувајќи: компаниска комуникација, организација на работата, услови за работа, можности за професионален раст и развој, меѓучовечки односи итн.

Реклама

Инфинум Maкедонија за прв пат е добитник на оваа награда, што е значаен момент откако компанијата стана дел од Инфинум групацијата во 2021. Оттогаш, тимот доживеа значаен професионален развој и целосно се интегрира во меѓународните проекти и активности на компанијата“, наведе Мирјана Цветковска, генерален директор на Инфинум Maкедонија.

Цветковска истакна дека наградата „Најдобар работодавач“ за нив е вистинска чест и гордост бидејќи е признание на нивниот тим, кој, како што нагласи таа, „непогрешливо ја препознава грижата за луѓето и континуираната работа за создавање на што попријатна и квалитетна работна средина”. 

„Истата е уште поспецијална со оглед на тоа што иако 2024 беше година на значајни  организациски промени, сепак не само што успеавме да ја зачуваме, туку и уште повеќе ја зајакнавме културата, тимскиот дух, и условите за работа. Силната организациска култура базирана на доверба, транспарентност и отворена комуникација, продолжува да биде темелот на нашиот успех и она што придонесува луѓето да се чувствуваат задоволни, мотивирани и сите заедно да бидеме најдобри бренд амбасадори“, потенцираше директорот на компанијата. 

Основана во Хрватска во 2005, Инфинум е глобална компанија за развој на дигитални продукти и соработува со водечки светски брендови. Со канцеларии низ Европа и САД, Инфинум обединува над 370 експерти кои го покриваат целосниот циклус на развој на продукт – од стратегија и дизајн до инженеринг и девелопмент.

Со портфолио на клиенти кои вклучуваат брендови како Филипс (Philips), Порше (Porsche), Најк (Nike), Вирџин (Virgin), и КПМГ (KPMG), Инфинум испорачува решенија во повеќе индустрии како финансиски, здравствен, автомобилски сектор и телекомуникации. Тимот во Македонија е активно вклучен во многу од овие глобални проекти, остварувајќи соработка која ги преминува границите како дел од меѓународни продуктни тимови.

Културата на Инфинум става акцент на континуираното учење, соработка и транспарентност, вредности кои придонесоа компанијата низ годините да стане повеќекратен добитник на наградата „Најдобар работодавач” во Хрватска, а сега да биде препознаена како одлично место за работа и во Македонија.