Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Инцидент во М-НАВ: Насилници упаднале во зградата и нападнале вработени

Скандал во просториите на македонската навигација. По пресконференцијата на синдикатот на кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал во просториите на македонската навигација. По пресконференцијата на синдикатот на кое беше обелоденето што се случува со вработувањата во институцијата, неколку лица влетале во објектот и нападнале контроли на летање.  За ова на социјалните мрежи објави првиот синдикалец на македонската навигација, Александар Тасевски.

„Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект .

Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, пишува Тасевски.

Реклама

Неофицијално, станува збор за лица од скопски Чаир кои се поврзуваат со ДУИ. Тасевски  вели дека случајот е пријавен во полициска станица Петровец, а информирани се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.

Претходно, на прес конференција  од синдикатот информираа дека најмалку 20 до 30 луѓе,  контролори на летање и техничари ќе почнат со депонирање на оставки, и со повлекување од работните проекти настрана од петте инженери и раководители кои на 31 декември си поднесоа оставка. Сослушувањње во полициска станица на првиот синдикалец на македонската навигација, Алекандар Тасевски, не ги заплаши вработените да најават и можен генерален штрајк и целосно затварање на воздушниот сообраќај во земјава . Синдикатот побара вклучување на трудовата инспекција, и антикорупциската комисија како и сите други надлежни институции. Причините кои доведоа во ваквата состојба во М-НАВ се контроверзни одлуки за вработување во оваа компанија.

„За да се покаже дека веќе е крај, не може да се продолжи на овој начин, ако мислат директорите дека можат да вршат притисоци спрема вработените со овој начин на вработување, нека продолжат да работат сами, ако се способни за такво нешто“, изјави Тасевски

Синдикатот доби поддршка и од Здружението на контролори на летање.

„Жално и срамно е што покрај сите заложби кои се во насока на обезбедување на највисоко ниво на услуги во воздухопловната навигација, директорите на М-НАВ решаваат на ваков начин да вршат притисок врз Претседателот, членството на Синдикатот, а со тоа и врз сите Контролори и помошници контролори на летање, чие единствено барање е нормални услови за работа во секоја смисла, за да можеме да ги постигнеме целите кои ни се доверени како чувари на нашето небо“, се вели во соопштението од Здружението.

Додека техничкиот персонал во М-НАВ обвинува за партизација и вработување на нестручен кадар и поништување на последниот оглас, директорот на компанијата Фахрудин Хамиди вели дека целиот процес бил согласно закон.