Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Имиџ со пари не се купува – Премиерот троши илјадници евра за лајкови

Премиерот сериозно го сфатил инфлуенсерството . Над 113 илјади евра  чинат фотографиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот сериозно го сфатил инфлуенсерството . Над 113 илјади евра  чинат фотографиите и видеата со кои Ковачевски ни покажува дека тој е само еден обичен човек кој јаде тост во локална сендвичара,  појадува сендвич со вработени во фабрика, се фали што сработил .

Откога  официјално е отворена фан страната на Димитар Ковачевски, според статистиката на „Мета“, потрошил 113.316 евра , од кои 86.723 ги платиле од СДСМ за 1.343 реклами, а 26.593 евра се платени од Димитар Ковачевски за 249 реклами. Партијата на власт пак, дополнително на својата официјална страна постирала 681 реклама за што платиле 36. 313 евра.  За еден ден за кога е последно објавена статистика на 19 јануари , Владата потрошила 128 евра, а Димитар Ковачевски преку СДСМ 100 евра. Во изминатите три месеци, СДСМ за промоција на Ковачевски потрошило над 20 илјади евра, а за промоција на партијата пак 12 835 евра. 

Премиерот очиглено пари не жали за интересно „скоцкани“ видеа, кои кога ќе ги погледнете имате чувство дека не живееме во држава каде не може да се помисли, а камо ли да се преживее еден месец, каде половина милион се во сиромаштија , плаќаме најскапа струја во регионот и од ден на ден се повеќе граѓани го пакуваат куферот за излез од Македонија без повратна карта.

Реклама

Владата, три месеци убедување преку ФБ колку е убаво во Европа, го платиле 2.661 евро за 103 реклами. Кампањата „ Европска иднина“  не чини по 100 евра на ден, или изминатите седум дена  постовите на фејсбук чинеле 721 евра, а за 30 дена 2. 651 евра народни пари. Не само на Фејсбук, за убедувањата без потреба – оти граѓаните знаат како се живее во Унијата, Владата троши наши пари и на панел дискусии.  Вкупно чинат над 350 илјади евра, а следат по онаа „ Ние сме Европа“ која ја плативме 80 илјади евра.

Милиони народни пари се одлеваат секојдневно, за промо на КОвачевски, а власта не ни чувствува потреба отчетно да објасни. Туку, на новинарски прашања одговараат со иронични компарации.  

Најмногу пари Премиерот потрошил за граѓаните да ја дознаат неговата фан страна. Скоро 4 илјади евра се дадени само за промоција на официјалниот фејсбук профил на Димитар Ковачевски . Дека фотографиите и промотивните видеа не му помагаат многу, покажуваат последните анкети според кои рејтингот на СДСМ и Димитар Ковачевски е во слободен пад.