Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Економија

Илјадници студенти не знаат дали ќе добијат картички од 3 илјади денари

Дури наредната недела илјадници студенти ќе знаат дали ќе добијат платежна картичка.…

Сподели:

Дури наредната недела илјадници студенти ќе знаат дали ќе добијат платежна картичка. Факултетите изготвиле дополнителни приговори за сите што не добиле картички или имаат некаков проблем со нив. Сите студенти имаат рок да поднесат приговори до факултетите до 16 часот во понеделник, а подоцна истиот ден преку платформата ЗУМ студентите и претставниците на универзитетите ќе ги нотираат и решаваат проблемите.

„Откако ќе собереме податоци за проблемите, ќе ги известиме надлежните институции. Истовремено организираме заеднички состанок преку платформата ЗУМ, каде што ќе ги договориме следните чекори за решавање на проблемот“ – стои во одговорот на УКИМ до студентите.

Откако илјадници студенти не се најдоа на списоците за да добијат картичка од 3 илјади денари, поднесоа приговори, кои на дел од нив не им беа прифатени и покрај тоа што тврдат дека исполнуваат услови. Институциите си ја префрлаа одговорноста за настанатиот хаос, Факултетите кај министерството за образование, а министерството кај Владата, односно во генералниот секретаријат и обратно. Студентите останаа незадоволни зошто Владата ги заборавила и ги дискриминира во однос на останатите.

Реклама

Од речиси 50 илјади поднесени приговори за проблеми со платежните картички, Владата прифати само 9200 приговори од кои 5.800 на млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени на минимална плата. Досега се изработени 300 илјади картички од вкупно планираните 324 илјади. Рокот за нивно искористување истекува на 15-ти август. И додека средноколците и студентите стравуваат дека приговорите нема да им бидат прифатени навреме за да можат да ги искористат парите до дадениот рок, Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска рече дека во моменталната ситуација на преговори за коалициска влада не може да се стори ништои за пролонгирање на користењето на картичките.

Тања Попова