Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Илиевски ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ – сакаат да воведат цензура на говорот и полиција на мислите

1984 евра. Барање со симболична сума за отштета како насловот на познатиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

1984 евра. Барање со симболична сума за отштета како насловот на познатиот дистописки роман на Џорџ Орвел во кој слободата на мислата и слободата на говорот се забранети. Телевизискиот водител и новинар Богдан Илиевски ќе ги тужи ЗНМ и ССНМ за клевета откако тие го обвинија за наводно поттикнување говор на омраза. Сакаат да воведат цензура и полиција на мислите, како во романот 1984-та, вели Илиевски.

  • „Размислував да побарам симболична отштета од 1984 евра, како симболика на орвеловата 1984, кои што потоа, ако ги добијам, ќе ги донирам, нема да задржам ниту денар од тие пари. Мене ми е важно само да ја докажам својата поента, да ја бранам слободата на говор која ја имаме. Особено како новинар вработен во Алфа, дека имам право да поставувам прашање. Особено такво, бенигно прашање „добро, зошто?“ кое што ценетите еснафски здруженија го протолкуваа како поттикнување на омраза.“ – Изјави Богдан Илиевски.

Тој на социјалните мрежи само напиша „добро, зошто“ и сподели кратко видео од интервју од друга телевизија.

Поради ова ЗНМ и ССНМ побараа обвинителството и МВР да преземат мерки за водителот на „Вечерното шоу“ на Алфа.

Реклама
  • ЗНМ и ССНМ упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. За овој случај ЗНМ поднесе официјално барање за кривично постапување при МВР.“ – Стои во соопштение на ЗНМ.

Богдан Илиевски вели дека ситуацијата е апсурдна, бидејќи токму еснафските здруженија бараат кривична одговорност за него.

  • „Без оглед како се викаат, во прицнип, треба да го бранат правото на новинарите да поставуваат прашања. А не да упатуваат јавно соопштенија во кои што ќе кажат дека новинари поттикнувале омраза, тука е и оној дел за „Оффнет“ дека имал некоја кампања против Лепа Џундева, па оние пријави до странски амбасади. Чудесни работи, најдобро ќе е сите тие да ги избистриме во една постапка пред инситуциите.“ – Доддава Илиевски.

Илиевски најпрвин побара извинување од ЗНМ и ССНМ, но откако не го доби се одлучи тој да поднесе тужба против нив. Сега на потег се инситуциите, кои ќе треба да одлучат, дали во соопштението на ЗНМ има клевета, или пак во објавата на Илиевски поттик за говор на омраза.

Никола Цветкоски