Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Илиевска: Над 330.000 пензионери добија линеарно зголемени пензии

Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата, пишува во денешното соопштение – интегрален текст од прес-конференција на Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат заборавени, ниту да живеат на маргините на општеството, туку ќе добијат вистинската грижа од државата за безгрижни пензионерски денови.

Ветивме дека секој еден пензионер, односно над 330.000 пензионери, без разлика на износот на пензијата, во својот домашен буџет ќе добие линеарно зголемување од 5.000 денари. За само две години од мандатот успеавме да го исполниме ова ветување, со што пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари.

Реклама

Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, но истовремено дадовме заслужено зголемување за сите кои со децении го градеа ова општество.

Така, најниската пензија, која порано за жал не беше доволна ниту за основните животни потреби, благодарение на исполнетото ветување на Владата, се зголеми и сега изнесува 18.192 денари.

Додека, пак, просечната пензија достигна историски највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари.

За нас, грижата за возрасните лица и понатаму останува еден од приоритетите и во таа насока ќе продолжиме да работиме со посветено, одговорно и домаќинско работење за сите граѓани.