Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Илиеска: За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра

За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра. Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра. Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за НОВИ 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве ТРИ МЕСЕЦИ, изјави на денешната прес-конференција Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени.
Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум.

И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари?

Реклама

Овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството.Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%.

Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард.

Денес повеќе од било кога, потребна ни е стабилна и издржлива стратегија за надминување на кризата во економијата, која што секој ден е се поголема и посериозна. Денес повеќе од било кога потребни ни се ефикасни мерки кои директно ќе му помогнат на стопанството да ја одржи ликвидноста и да ги задржи работните места.

Денес повеќе од било кога потребни се сериозни чекори за подобар стандард и помош на граѓаните, а не мерки за преживување.

Потребни се правилни, навремени и суштински чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, бидејќи досегашните популистички и маркетниг мерки резултираат со тонење на економијата врз грбот на граѓаните, за што сведок се и податоците.

Потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, зашто само така државата и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред.
Потребна е итна стратегија за обнова на државата.