Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Идната година стартува доизградбата на Клиничкиот центар во Штип

До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, со работа се  очекува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, со работа се  очекува да започнат приватните специјализанти.  Засега се планира нивниот број да биде околу десеттина. На овој начин најголемиот центар за лекување во источниот дел на државата ќе го решава недостатокот од медицински кадар. На државно ниво од вкупно 600, 480 приватни специјализанти, веќе пополниле апликации.

 „По интересот на болниците така и ќе постапуваме. Еве за во Штип околу 30доктори изразуваат интерес.Не се само од Штип, туку и од околните места. Што ќе каже директорот, односно што му е приоритет, ние така ќе постапиме„ изјави Министерот за здравство Арбен Таравари.

 „Најалармантно е на Одделенијата за анестезија, ортопедија, гинекологија. Ни недостигаат општи хирурзи, интернисти„ изјави д-р  Владко Захариев, дир.на КБ-Штип.

Реклама

При денешната посета, министерот порача дека изградбата на нова Клинилка болница е приоритет. Тој е оптимист и верува дека со градежни активности ќе се започне од наредната година.

„Со одлука на Влада се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании коишто би отишле во Кичево или Штип. Да ги видат болниците и да одлучат, односно да ни дадат проекции како мислат понатаму да ја продолжиме. Наш топ приоритет се болниците во Штип, Тетово и Кичево која со градба почна во 1996 и се уште е карабина„ изјави министерот за здравство, Таравари.

Што се однесува до модуларните болници од кои најголем дел се мета на крадци, Таравари посочи дека со владина одлука модуларната болница на Инфективна клиника ја презема Министерството за одбрана, а ќе се бара решение и за останатите. Инаку денеска беше промовиран и нов апарат , наменет за дигестивна хирургија и урологија. Апаратот е во вредност од 200.000евра и се средства на министерството.

Александра Ристевска