Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во Општина Центар

Општина Центар и во учебната 2026/2027 година продолжува со обезбедување бесплатни училишни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар и во учебната 2026/2027 година продолжува со обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.

Мерката, воведена минатата година, има цел да ги намали социјалните разлики меѓу учениците и да создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца.

Реклама

-Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Токму затоа минатата година ја воведовме оваа мерка, а продолжуваме и оваа година. Со бесплатните униформи сакаме да ги намалиме социјалните разлики, да спречиме тие да бидат причина за поделби или булинг и кај децата да го зајакнеме чувството дека сите подеднакво припаѓаат на своето училиште- порача Герасимовски.

Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент.

Од Општина Центар информираат дела ќе продолжат со оваа мерка и во наредните учебни години, при што бесплатни униформи ќе се обезбедуваат и за новите генерации ученици.

Покрај бесплатните униформи, Општина Центар и оваа година ќе обезбеди бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта, како дополнителна поддршка за семејствата и убав почеток на нивното прво училишно поглавје.

Со овие мерки, Општина Центар продолжува да инвестира во образование во кое секое дете има еднаква можност, еднаков третман и услови непречено да се посвети на учењето и својот развој.