Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

И Османи се правда за вработувањето сестра му во М-НАВ – Тврди дека пред 15 години не бил министер, а бил

Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, се вработила пред 15…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, се вработила пред 15 години во Македонска навигација и тоа немало врска со нејзиниот брат бидејќи тој во тоа време не бил министер за надворешни.

Вака Османи се правда во врска со обвинувањата за непотизмот во една од најплатените државни институции, но заборави да каже дека пред 15 години, тој исто така беше министер само во друга влада и во друг ресор, здравство. Иако иста функција и политичка моќ, само различен ресор, обвинувањата Османи ги препишува како да се дел од политичка кампања.

„Јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема е искористена на секои избори во последните 15 години. Истото образложение го давам веќе 15 години, очигледно е дека изборите го прават тоа, така што ќе играме по тие ноти“, изјави Османи.

Реклама

Дури тројца министри и заменици имаат свои роднини вработени во М-НАВ. Покрај сестрата на Османи, на платниот список на македонска навигација се и чичкото и братучедот на министерот Љупчо Николовски како и внукот на заменикот министер за внатрешни од ДУИ, Наим Буши. Советникот на директорот на М-НАВ Беким Незири кој е во домашен притвор зашто предводеше група што упадна во конторлната кула и направи инцидент, си го вдомил внукот во администрација.

Премиерот Ковачевски прв изјави дека М-НАВ е фирма на семејни стебли во обид да го оцрни синдикатот кој обвинува за вработувања на нестручен и партиски кадар. Но, откако излезе дека гранките на стеблата се од СДСМ И ДУИ, тој одби да биде министерски портпарол, а побара да се видат и стеблата во Академијата за судии и обвиниетли и останатие министерства.

Неговиот министер за земјоделие, Николовски бурно и нервозно реагираше на прашањата за вработувањата на неговиот чичко и братучед, за кои тврди дека едниот е над 40 години таму, а другиот е со високо квалификувано јапонско образование.

Семејните стебла во М-НАВ станаа медиумки фокус откако група напаѓачи предводени од Беким Незири советникот на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, упаднаа во контролната кула напаѓајќи ги колегите веднаш по одржувањето на пресконференцијата на синдикатот на која се зборуваше за вработувања на нестручни и партиски кадри.

За овој инцидент петмина се во домашен притвор, а тројца се недостапни на органите на прогонот.