Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

И на плус 40 во Скопје речиси и нема исправна чешмичка

Доколку се шетате низ Скопје без шише со вода,на ова пеколно топло…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку се шетате низ Скопје без шише со вода,на ова пеколно топло време, многу е веројатно дека ќе останате жедни, затоа што низ градот ретко каде ќе најдете чешма или фонтана за да се напиете или да се изладите.

Честопати се случува и доколку наидете случајно на некоја фонтана, таа да не работи. Во период кога температурите достигнуваат и над 40 степени, граѓаните се жалат дека нема фонтани или чешми покрај булеварите и дека никој не води сметка за нивно одржување.

Во главниот град има околу 250 јавни чешми и фонтани, од многу од нив не тече вода. Но, дефектите и злоупотребите не се единстевната причина поради која граѓаните остануваат жедни при вода. Многу се исклучени и затоа што јавното претпријатие „Водовод и канализација“, инсистира скопските општини да го преземат управувањето со чешмите и да ја плаќаат водата што тие ја трошат, а општините не го прифаќаат тоа. Резултатот од тоа е „Водовод“, исклучил неколку десетици исправни чешми.

Реклама

Ги прашавме во „Водовод и канализација“ колку фонтани за вода за пиење на јавни површини има на територијата и колку од нив се во функционални, но, досега не добивме одговор. Не ни одговорија ни дали во иднина планираат да се постават нови на места каде што е утврдена таква потреба и дали граѓаните можат да побараат доколку воочат дека некаде има потреба, како и кому да се обратат. Молк и од градот Скопје.

Проблемот со недоволниот број фонтани трае долго и истата приказна е секоја година. Граѓаните кои најчесто се движат пешки или со велосипед, не им преостанува ништо друго освен со себе задолжително да си носат шишиња со вода.    

Скопје е град кој во текот на летото го посетуваат и многу туристи, па без оглед на тоа какви впечатоци ќе понесат со себе од тука, сигурно ќе им остане и сеќавањето на Скопје – град без јавни фонтани со вода за пиење.

Љубиша Владимиров