Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

И младите ќе се вклучат во борбата со корупцијата

Во борбата против корупцијата во земјава се вклучуваат и младите.  За да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во борбата против корупцијата во земјава се вклучуваат и младите.  За да можат да препознаат корупција и да делуваат соодветно ќе можат да поминат обуки наменети за средношколците и младите политички лидери. Поддршката за оваа цел доаѓа и од амбасадата на САД.  За жал, иако довербата во судството е одвај 2 проценти, младата енергија може да придонесе да се промени оваа – за сега -катастрофална слика.

Мислам дека не е само правосудството единствениот орган каде што може да се пријави корупција. Целта на овој проект е токму да ги разгледаме сите механизми коишто стојат на располагање на младите. Вчера имавме работилница со средношколци и бевме пријатно изненадени за нивото на кое младите ја чувствуваат корупцијата и колку се свесни за значењето каков импакт има корупцијата врз нивните животи, така што во оваа серија на работилници ќе работиме и на тоа да се зајакнат механизмите на коишто може да се пријави корупцијата и се разбира, отворени сме секогаш за критика“, вели Ленче Ристовска, обвинителката за врски со Европравда

Реклама

Судијата Бетим Јахја очекува овие обуки да помогнат во борбата против корупцијата.

„ Целта е да се изгради поздраво општество каде што ќе владее правото, правдата и правичноста и корупцијата ќе се потисне што е можно повеќе“, рече судијата Бетим Јахја.

Македонија редовно е критикувана во сите извештаи на Европската комисија за присуство на висока корупција и распаднат судски систем во кој граѓаните не веруваат. Меѓународната заедница најмногу забележи на измените на Кривичниот законик коишто придонесоа застарување на дела од висок профил на корупција.

Имено, Министерството за правда од неодамна почна со јавни дебати на кои ќе треба да се дефинираат реформите во правосудниот систем.