Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

И Мерко ќе има медицински факултет – неговиот сопартиец Шаќири утврдил дека се исполнети условите

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој се наоѓа на црната листа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој се наоѓа на црната листа на САД ќе едуцира медицибнски кадри. Власта во заминување реши да даде амин за нов факлутет по медицина во Струга. Станува збор за Меѓународниот универзитет, зад кој стои струшкиот градоначалник. Тој, од техничката влада, односно неговиот сопартиец, министерот за образование Јетон Шаќири, успеал да издејствува уште една лиценца за високо образование.

Лиценцата за овој универзитет чија работа ја следат бројни контроверзи и информации за стотици ненострифицирани дипломи, Мерко ја побара уште во април. Односно, откако неговиот сопартиец Талат Џафери стана технички премиер. Сега, кога мноизнството владини министри се од ДУИ, тој конечно го доби потребниот параф.

Пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, уште на почеток ги критикуваше намерите на Мерко, бидејќи струшкиот градоначалник се обидуваше да ја заобиколи агенцијата за акредитација.

Реклама
  • “На тој Меѓународен универзитет на Мерко нема никакви услови за такви нешто,нема кадар, од каде ќе го собира кадарот, од каде ќе биде тој стручен кадар.Кога ние тешки услови имаме за формираните кадри на тетовскиот универзитет, нема дури и на штипскиот универзитет, да не зборуваме за битолскиот, тој ќе отворал кадар.Тоа е само отворање на кадар за перење на пари и давање на дипломи.Прво докторската ненострифицирана диплома на Рамиз Мерко е од Нови Пазар. Мерко има наставно научно знање вонреден професор, тоа е срам” – Истакна Виш просветен инспектор во пензија, Ѓорги Илиевски на 17.04.

Инаку, Рамиз Мерко отвора факултет за здравствени науки во Струга, откако годинава ја укина медицинската насока во средното училиште „Нико Нестор“. Јавноста очекуваше струшкиот градоначалник да ги заузда своите амбиции, откако поради злоупотрби на општински средства, корупција и мешање во судски процеси, неговото име се најде на црната листа на соединетите америкинаски држави, заедно со неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше. Но, очигледно американските санкции не го предомислија.

Никола Цветкоски