Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

И депониите горат, дали е на повидок еколошка бомба со здравствени последици?

Горат депониите во Македонија,во пожарите кои ја зафатија земјава пламтат одлагалиштата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горат депониите во Македонија,во пожарите кои ја зафатија земјава пламтат одлагалиштата на отпад и нестандардните диви депонии кои претставуваат еколошка бомба.Според извештајот на Центарот за управување со кризи само во текот на вчерашнот ден во пламен беше градската депонија во Делчево,гореше ѓубриштето во Тетово и Гостивар,претходно настата пожар на депонијата Мауцкер во Охрид,а во неподнослива миризба и чад се гушат и скопјани.

“Ако некој не ја запали депонијата таа не може да гори,дивото ѓубриште не може да гори, еве Вардариште што му прават,секој втор дел го палат.Го загадуваат амбиенталниот воздух на граѓаните од тој дел на Скопје од Лисиче и Аеродром, така да невозможно е да дишите во вакви температурни услови кога имате високи температури и чадот што доаѓа од ѓубриштето,невозможно е да дојдете до чист воздух” -вели Горан Стојаноски од  Центар за управување со кризи

Во овие пеколни горештини се позачестено горат и депониите во туристичките центри Охрид и Струга, посебно голем проблем претставува струшката депонија на која се натрупаниилјадници тони секаков вид отпад,а е оддалечена само 500 метри од првите куќи во градот. На хартија се обезбедија пари за депонијата, но таа не се дислоцира, единствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира.

Реклама

“Не може 17 години со прст да не се помести работата, а толкава да е очигледна опасноста и проблемот за граѓаните.Тука е претоварната станица, останата е како уште еден споменик на глупоста на сите влади и власти локални и централни тоа ќе остане како споменик уште долги години се додека не се реши- вели Ардијан Демири”-адвокат

Депонијата се наоѓа на плодното струшко поле каде во непосредна близина има и посеви, чиј род завршува на пазарите, што е катастрофално.

“Tука одма поминува и реката Црн Дрим која што се користи како вода за вадење на целото струшко поле и целиот дримколски регион од каде што ние како граѓани користиме земјоделски производи кои што ни се сервираат ни се продаваат по зелените пазари” –вели Ардијан Демири-адвокат

Цели три години во струшкиот основен суд и битолска Апелација фаќа прашина тужбата која од Македонското здружение на млади правници ја поднесоа против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со стушката дива депонија.Судовите се прогласуваат за ненадлежни и постојано го шетаат предметот. Постапката веќе година и пол е  заглавена во Апелациониот суд во Битола, откако по втор пат беше вратена од Основниот суд во Струга.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, монтажа Златко Маневски