Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

И денеска протести пред градската депонија во Кочани

Продолжува граѓанскиот отпор кај кочанското село Бели, во близина на градската депонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува граѓанскиот отпор кај кочанското село Бели, во близина на градската депонија. Иако организаторот, здружението Грин орг, официјално ја извести Општина Кочани ,дека  протестот го стават во мирување, сепак денеска и понатаму граѓани протестираат и не дозволуват кочанските комунални возила да депонираат  смет. Градоначалникот на Кочани повика на разумност , но и побара да се идентификува групата која од денеска продолжува со нови протести.

„Во исто време бидејќи официјалниот организатор се повлече од протрестот и се оградува од понатамошно учество бараме официјална потврда од лицата, кои протестираат, да се идентификуваат но и кои се нивните барања за да постапиме попнатаму“, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Сепак  групата граѓани, кои денеска продолжија со протестот велат дека тие се истите  што и вчера протестираа и не го делат истиот ставот со здружението Грин орг кое си замина од протестите.

Реклама

„Гринг орг се повлекува од протестите, но тоа не е наш официјален став…Нашите барања се да дефинитивно да не се дозволува депонирање на отпад од соседните општини, бидејќи ниту општината,  ниту комуналното претпријатие не се подготвени да се справат со депонијата“, вели Стојан Глувчевски

Во меѓувреме Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево се гушат во ѓубре. Папазов е дециден дека ваков зафат на градската депонија како што се прави изминатите неколку денови не е направен во изминатите педесет години.

„Сакам да ја известам јавноста дека Општина Кочани ги исполни сите услови кои беа поставени и како официјални на седницата на Совет, како и на протестирачите кои се на раскрсницата кај село Бели. Апелирам проблемите од месноста Тупанец, каде се наоѓа депонијата да не се префрлат во Кочани“, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Денеска на седница на Совет, Општина Виница донесе одлука за отварање на привремена депонија во близина на село Драгобраште, а Општина Зрновци засега својот смет ќе го собира во фабриката за рециклирање. 

Александра Ристевска