Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.

– Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100000 население, пишува во извештајот.

Реклама

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.

– Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2024 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет што се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 68,3 во 2023 година и 71,3 на 100000 мажи во 2024 година. Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2024 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 39,4 на 100000 жени во 2024 година, пишува во извештајот.