Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Хуманоста на дело – здружението „Умиление“ преку донации им помага на најзагрозените

Поделете ја храната, со оние што се гладни, бидејќи хуманоста ја отсликува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поделете ја храната, со оние што се гладни, бидејќи хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Водени од ваквата кауза  неколку жени од Виница, под плаштот на Здружението „Умиление„ преку донации  успеваат гладните да ги нахранат, а болните да ги негуваaт.  Приказната за виничкото здружение „Умиление„ кое е под покровителство на Брегалничката епархија и со благослов на митрополитот Брегалнички, почнала  пред осум години. Првично нивната хуманитарна дејност била скромна, за денеска да прераснат во здружение кое се грижи за гладните и болните  од целиот источен регион..

„Луѓето имат премногу емпатија. Јас лично сум сведок на тоа колку луѓето знаат да бидат хумани, посебно во очи на големите празници, но и секојдневно. На пример имаме семејства во Виница кои секој месец од својот буџет издвојуват одредена сума на пари за храна и хигиена. Овде морам да ја спомнам и дијаспората која е основа да постои ова здружение„ изјави Рената Николовска, од Здружението „Умиление“ – Виница

Рафтовите во магацинот на Здружението пред Божиќните празници се полни со намирници. Тестенини, конзерви, облека и по некоја играчка, се пакуваат пакетите со кои во овие радосни денови ќе им донесат надеж  на оние што немаат. Донираат граѓани, но и компании. Месечно околу осумдесетина семејства добиваат помош во храна и средства. На повеќе од десетина дечиња им направиле роденденски забави, на неколку семејства им го решиле станбеното прашање, а многу домови опремиле со мебел и бела техника. Во нивната програма се вклучени самохрани родители, многудетни семејства  и стари и изнемоштени лица.

Реклама

„Имавме неколку смртни случаи на стари и осамени лица кои им помагавме. Сега се ангажиравме да ги носиме на прегледи да им купуваме лекови. Семејства кои не можат да готват на некој им оставаме средства во продавници да се хранат, а на друѓи им носиме топли оброци. Имаме голема поддршка од сите ресторани, хафеани, кујни во Виница„ изјави Рената Николовска, Здружение „Умиление“ – Виница

Но, без луѓето со срце како планина и волонтерите што секојдневно жртвуваат дел од слободното време за да им помогнат  на други, оваа мисија би била невозможна, објаснува скромната Николовска, која по вокација е еконимист и работи во училиште. Како пример го посочува и семејството кое за потребите на здружението, им отстапило простор од својата куќа, без да бара ниту денар за возврат. Во благородната  мисија на „Умиление„ со мал сегмент  се вклучи и  Алфа, нудејќи превоз и дистрибуција на пакетчиња од Виница за Штип.

Александра Ристевска