Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ – Битола и муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам и 17 март – Ден на основање на Црвениот крст на Македонија, додели донација хуманитарна помош која ќе биде поделена на социјално-загрозени семејства од исламска вероисповед.
Општинската организација на Црвен крст Битола, по повод Денот на основањето на Црвениот крст, во соработка со Службата за трансфузиона медицина организираше и крводарителска акција, на која беше соопштено дека во 2025 година на подрачјето на Општина Битола е надминат годишниот план од 2.854 крвни единици со над 150 проценти.
