Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф

Планинарска акција „Родители и деца“ која ја организира здружението „Планинарски спортски клуб…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планинарска акција „Родители и деца“ која ја организира здружението „Планинарски спортски клуб – Кожуф“ од Гевгелија, ќе се одржи денеска во близина на минералните бањи во Негорци. Од здружението информираат дека оваа активност има за цел во планинарењето да ги вклучи заедно родителите и децата и да им овозможи дружење во природа низ интерактивни игри.

Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со хуманитарен предзнак, односно помош за малата Ника Роглева од Богданци која боледува од церебрална парализа. 

Настанот в недела ќе започне од патеката Курија, спроти минералните бањи, со почеток од 10 часот, а предвидено е да се пешачи 5 километри по лесна патека, погодна за сите генерации. По прошетката следува дружење со музика, интерактивни игри за деца и родители и планинарско гравче за учесниците.

Реклама

– „Родители и деца“ веќе неколку години е дел од редовниот календар на клубот и се реализира два до три пати годишно. Претставува одлична можност најмладите, заедно со своите родители, уште од најрана возраст да ја развиваат љубовта кон природата и планинарењето. Овој пат ќе се собереме со цел да и помогнеме на Ника која се бори со церебрална парализа, но има надеж, а тоа е операција во Турција која може значително да ѝ го подобри одењето, да ја намали болката и да ѝ овозможи да направи чекор сама. За таа цел, сите собрани средства од учеството во акцијата ќе бидат донирани за нејзиното лекување, а на самата локација ќе има поставена и донаторска кутија за сите кои сакаат да помогнат дополнително, велат од ЗПСК Кожуф.

Учеството во планинарската акција чини 200 денари по родител, додека за децата е бесплатно.