Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“

Во дворот на Дневниот центар „Гнездо“ во општина Центар денеска од 12…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во дворот на Дневниот центар „Гнездо“ во општина Центар денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“, во организација на Здружението „Новинари за човекови права“ – Скопје.

Настанот е замислен како еднодневен семеен и добротворен базар, чија главна цел е собирање средства за поддршка и континуирано функционирање на програмите на Дневниот центар „Гнездо“, кои обезбедуваат психосоцијална поддршка, едукативни активности и безбеден простор за деца и млади од ранливи категории.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во културно-забавна програма, настапи на училишни и детски групи, весели активности за деца, како и занаетчиски и хуманитарни штандови, преку кои директно ќе придонесат кон работата на центарот. Настанот е отворен за сите граѓани и е наменет за целото семејство.

Реклама

– Со голема радост ве покануваме да бидете дел од празничната магија на Божиќниот базар. Дојдете да ја почувствувате топлината на празниците, да уживате во пријатна атмосфера, насмевки и убави моменти споделени со семејството, пријателите и заедницата. Базарот нуди рачно изработени подароци, топли празнични мигови и мали изненадувања кои ја носат вистинската празнична радост. Со вашето присуство не само што ќе создадете убави спомени, туку и ќе дадете поддршка на хуманата цел што стои зад овој настан. Ве очекуваме со отворени срца, топол чај и празнична насмевка. Да ја споделиме радоста – заедно! “, порачуваат од „Гнездо“.

Дневниот центар е основан со поддршка на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, во соработка со ЕКПАТ Австрија, во рамки на проектот „Зајакнување на иднината“, и континуирано работи на унапредување на благосостојбата и заштитата на децата и младите.