Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Хроничните проблеми на Скопје – сообраќајниот хаос и загадениот воздух

Нов ден, стара песна. Закочен сообраќај во главниот град, густа магла и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, стара песна. Закочен сообраќај во главниот град, густа магла и загаденост. Експертите предупредуваат дека автомобилите, јавниот превоз и тешките товарни возила дополнително го “трујат” воздухот. Според анализите, главни фактори кои го загадуваат воздухот се и домаќинствата и индустријата.

И денеска скопјани продолжуваат да се гушат  во токсични честички. Но кој е лекот? Според експертите, загадувањето на воздухот значајно би се намалило, ако се намали и интензитетот на сообраќај низ булеварите..

Надлежните предлагаат алтернативи за да се намали аерозагадувањето – пешачење, возење на велосипед и користење на јавен превоз.

Реклама

Од Автокоманда до Центар  со возило се стигнува за околу 15тина минути…стотици возила на стоијат во место на семафори, и тоа дополнително го загадува воздухот.

Не само во Скопје, алармантен е квалитетот на воздухот во повеќе градови. На некои места е веќе надминат прагот. Токсичен воздух има и во Струмица, Битола, Кичево…

На пладне вредностите на загаденост се намалија, но сепак, најзагадено беше во Кичево со 104 ПМ 10 честички на метар кубен, Струмица 53, и Битола 44.

Министерството за животна средина ги повика сите институции, општините и Град Скопје да ги извршуваат обврските предвидени со Акцискиот план и да ги засилат инспекциските надзори, контролите во станиците за технички преглед на возилата, да се проверува нивната исправност.

Лекарите велат, од токсичниот воздух особено на удар се децата и хронично болните.Амбулантите полни со пациенти. Кашлица, тешко дишење,печење на градите, течење на носот, солзење на очите, гребење во грлото се само дел од негативните последици по здравјето поради загадениот воздух, се жалат граѓаните.

Статистиките покажуваат дека поради енормното загадување,годишно во светот умираат најмалку 3.000 луѓе.