Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Храна со поминат рок, лоши хигиенски услови-Инспектори од АХВ на терен во туристичките места

Дојран, Охрид, Струга и Преспа, речиси во сите туристички центри во земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојран, Охрид, Струга и Преспа, речиси во сите туристички центри во земјава има небезбедна храна. Во хотелите, рестораните, времените – кетеринг објекти,месарниците и маркетите инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство за неколку дена најдоа 8, 7 тони расипана и небезбедна храна.

Од 112 објекти и ресторани, дури  54 заработија глоби. Инспекторите на осум ресторани им ставија клуч поради непочитување на стандардите за производство и продажба на храна. Пеколните температурари им отворија работа на инспекторите за храна кои само за неколку дена уништија тони расипана храна пронајдена во туристичките центри.

Реклама

Глобите се високи и изнесуваат од 250 до 5000 евра. Операторите со храна се казнети порадинепочитување на хигиенски услови, продажба на храна со поминат рок на употреба, неимполементирање на Хасап системот, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна. Исто така голем број кафанџии работеле нерегистрирани и без одобрение од Агенцијата за храна и ветеринар. Како што информираат од Агенцијата, во услови на високи надворешни температури, акценттот на контолите бил ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната.

Инспекторите на Агенцијата и натаму ќе вршат засилени контроли зза време на сезоната. и во другите туристички центри. Поради високите температури, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.