Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Македонија

Хосписот “Сју Рајдер“ со најголем корона- кластер во Битола

                Бројки што загрижуваат, но и бројки што обврзуваат. Хосписот “Сју Рајдер“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

                Бројки што загрижуваат, но и бројки што обврзуваат. Хосписот “Сју Рајдер“ во Битола кој како работна единица формациски припаѓа на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември“ во Скопје, според бројките на позитивни пациенти и вработените со вкупна бројка, во моментов излегува дека е најголемиот корона- кластер во Битола. Од 61 пациент колку што се сместени, 46 се позитивни или со процент 75,4% се со ковид- 19. Исто така, кај персоналот од 41 вработен, во скринингот позитивни излегоа 19 лица или 46 проценти. Ваквата црна статистика, состојбата ја мултиплицира со самиот факт што станува збор за една од најранливите категории граѓани, лежечки болни, со малигни заболувања, други тешки болести итн. и на сите им е потребна специјална нега. За среќа, тука работи високообучен персонал од лекари, медицински сестри, болничари и друг помошен персонал. Пациентите невозможно е да се дислоцираат поради нивната состојба, а персоналот со половина сили ќе мора да одговори на сите предизвици.

  • Пред една недела никој не можеше да претпостави дека хосписот “Сју Рајдер“ може да биде најголемиот кластер со ковид- 19.  Меѓутоа, според сегашните бројки од прилика така излегува, иако во Битола има повеќе фирми со огромен број на вработени. Како ѓе се справи персоналот во кој исто има доста заболени допрва ќе се види, иако од менџментот на оваа ЈЗУ со седиште во Скопје, се вели дека проблемите ќе се надминат. Оправдан или неоправдан оптимизам, допрва ќе гледаме. /Ст. ап/

Директорката на ЈЗУ “ 13 Ноември“ Самија Љатиф Петруловска оптимизмот го базира што , барем засега“ сите позитивни на ковид- 19 од пациенти до персонал се со лесна клиничка слика и што се спороведуваат сите мерки и епидемиолошки протоколи. Од друга страна, овој современ комплекс располага со сите неопходни медицински ресурси па дури и со апарати за кислородна поддршка, доколку е потребно. Од ЦЈЗ велат дека ситуацијата посветено ја следат и се надеваат дека нема да се случи најлошата варијанта, пациентите заради можен пандемиски колапс на персоналот, да мораат да бидат вратени дома. Тие ќе се тестираат само доколку пројават симптоми на корона.

Петар Стефановски