Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Хонорари од стотици илјади евра за подобните филмски работници

Режисерот Игор Иванов – Изи и продуцентиот Томи Салковски, кои се вплеткани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Режисерот Игор Иванов – Изи и продуцентиот Томи Салковски, кои се вплеткани во скандалот за можно незаконско финансирање на Друштвото на филмски работници преку Агенцијата за филм, само преку грантови за филмови, лично можеби имаат заработено повеќе од 22 милиони денари, односно над 360 илјади евра, народни пари. Тоа е така, ако се земе предвид правилникот на Агенцијата за филм, со кој се утврдува дека за себе може да задржат до 7% од вкупната вредност на државниот грант.

Финансирањето филмски проекти во делот на надоместоците за авторските и други хонорари, Агенцијата го врши според следниве мерила за: 

– режисерот, најмногу до 7 %  од средствата добиени од Агенцијата, 

Реклама

– продуцентот најмногу до 7 %  од средствата добиени од Агенцијата, 

– сценаристот, најмногу до 5 %  од средствата добиени од Агенцијата. – Пишува во член 28 од правилникот за утврдување на надоместоци, на Агенцијата за филм.

Најмногу се офајдил Салковски, преку неговата продукциска куќа „Скопје филм студио“ која, откако е формирана Агенцијата за филм, успеала да добие скоро 175 милиони еднари, од кои, доколку 7% одат за него, од државата можеби заработил повеќе од 12 милиони денари. Додека пак за неговиот соработник, режисерот Игор Иванов Изи, правилникот одредува безмалку 10 милиони денари.

На финансирањето на овие двајца филмаџии, им фрли сомнеж последниот негативен извштај од Министерството за култура, за работата на Агенцијата за филм, во кој стои дека Друштвото кое го предводат, нема опрадание каде завршиле околу 3 милиони денари, народни пари.

Додека нивното друштво, како и филмовите на кои работеле ги полнеле џебовите со пари од државниот буџет, во Агенцијата за филм имало сериозни сомнежи за судир на интереси и повластени продукциски куќи. Член на управен одбор на Агенцијата била Снежана Станковиќ, долгогодишен адвокат на Друштвото на филмски работници. Додека пак за тоа, кој ќе земе народни пари, меѓу другите, одлучувал Бранко Петровски, кој во исто време бил и претседател на надзорниот одбор во ДФРМ, а во Агенцијата за филм пак, спротивно на законот за филмска дејност, бил избиран за финансиски советник 7 години по ред, за неодамна да биде награден со членство во управниот одбор на оваа институција.

Никола Цветкоски