Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Хоџа – Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Македонија,  Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и за идната билатерална соработка во областа на животната средина.

– Министерот Хоџа на средбата изрази искрена благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении нагласувајќи дека таа е еден од најголемите билатерални донатори и клучен партнер во реформските процеси, особено во секторите вода, управување со отпад, природа и климатска отпорност. Беа разгледани тековните проекти поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), меѓу кои проектите за интегрирано управување со цврст отпад, управување со подземните води, заштита на биодиверзитетот и екосистемите, како и зајакнување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија – соопшти МЖСПП. 

Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Реклама

– Амбасадорот Зомер ја реафирмира поддршката на Швајцарија за реформските процеси во Северна Македонија и изрази подготвеност за продолжување на партнерството преку програмата за соработка 2025 – 2028 – се наведува во соопштението.