Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Хоџа: Во владина процедура е формирање комисија која ќе се занимава со јавен повик за изнаоѓање концесионер кој ќе ја менаџира депонијата во Лојане

Во владина процедура е формирање комисија која ќе се занимава со јавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во владина процедура е формирање комисија која ќе се занимава со јавен повик за изнаоѓање концесионер, кој ќе ја менаџира депонијата во селото Лојане, во општината Липково и нејзиното чистење од опасни остатоци. 

Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, одговарајќи на прашање од пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса на Албанците за тоа дали се планира да се отстранат остатоците од арсен во депонијата во Лојане, која е во близина на училиште.

–  Во општина Липково во селото Лојане проблемот со овие материи не може да се реши за два три месеци откако сум министер. Ова прашање сериозно го третирам откако ја презедов функцијата, бидејќи на нашата територија има 14 жешки точки. Ова е темата која ме тангира секој ден, бидејќи нивното чистење е многу специфично. Што се однесува до селото Лојане, тоа се опасни остатоци и ние сме во комуникација со Министерството за енергетика, бидејќи станува збор за здравјето на граѓаните и за еден проблем кој е наследен со години. Чувањето на животната средина е должност на сите институции, рече Хоџа.

Реклама

Одговарајќи на прашање од пратеничката Саранда Имери Стафај од „Вреди“ за тоа какви планови има Министерството за животна средина и просторно планирање за модернизирање на регионалната депонија „Русино“ во близина на Гостивар, тој посочи дека Владата е фокусирана за изнаоѓање долгорочно решение кое се однесува на депонијата.

-Во Министерството имаме сознанија дека со кредитна линија со Европската банка за обнова и развој ќе реализираме проекти за три регионални центри од кои еден ќе биде во „Русино“. Во подготовка сме на документацијата за овој регионален центар и сметам дека повикот ќе биде објавен и успешно ќе завршат сите процедури и после ќе биде избрана компанија за негова изградба. Верувам дека 2026 година ќе биде година на еколошки пресврт, бидејќи на долгорочен план ќе ги решиме проблемите. Се предвидува и обезбедување механизација за сите општини во полошкиот регион кои имаат јавни претпријатија, додаде Хоџа.