Реклама
Македонија

Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на работен состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување, информираат од МЖСПП.

– Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година Министерството во својот буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој – истакнал министерот Хоџа.

На средбата било нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата на природното наследство, но и важен двигател на одржливиот туризам и локалниот економски развој.

Реклама

Министерот Хоџа истакнал дека Министерството ќе продолжи со поддршка на активностите на националните паркови преку подобрување на законската регулатива, обезбедување стабилна финансиска поддршка од државниот буџет, како и преку координација и мобилизација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ-програмата и други меѓународни партнери. Со тоа ќе се зајакне управувањето, ќе се унапреди заштитата на биолошката разновидност и ќе се развива зелена инфраструктура во националните паркови.

Националните паркови, како што било нагласено на средбата, денес претставуваат не само заштитени подрачја туку и значајни двигатели на одржливиот развој, атрактивни екотуристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.