Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари.

-Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет на живот, велат од МЖСПП.

Министерот Хоџа истакнал дека активностите се дел од континуираниот процес на унапредување на комуналната инфраструктура во општината, но и пошироко низ државата, преку конкретни проекти што носат видливи и одржливи резултати. Целта е јасна, секој граѓанин да има пристап до основни услуги и здрава, чиста животна средина.