Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Хоџа: Коридорот 8 – столб на регионалниот развој и европската интеграција 

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска го отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска го отвори министерскиот форум за Коридорот 8, кој се одржа во Тирана со учество на делегации од домаќинот Албанија, Македонија, Бугарија, Италија и Романија, како и претставници од партнерски земји, информираат од МЖСПП.

Форумот послужи како платформа на високо ниво за продлабочување на меѓудржавната соработка и за забрзување на развојот на Коридорот 8 како стратешка артерија за модерен транспорт, за економски развој и за регионална безбедност, истовремено зајакнувајќи ги интеграцијата и поврзаноста со главните европски коридорски мрежи.

Во обраќањето министерот Хоџа истакна дека Коридорот 8 е многу повеќе од инфраструктурен проект – тој претставува развојна визија што го поврзува Јадранското со Црното Море и создава нови мостови на соработка меѓу економиите и народите во регионот.

Реклама

– Коридорот 8 претставува трансформативна развојна оска со длабоко економско, геополитичко и еколошко значење – истакна министерот Хоџа.

Тој нагласи и дека унапредувањето на овој коридор е директен дел од агендата за европската интеграција, со што, според него, се зголемува конкурентноста на државата и се зајакнуваат врските со европските транспортни и енергетски мрежи.

Министерот потенцира дека инфраструктурниот развој мора да оди паралелно со еколошката одговорност, со почитување на стандардите за заштита на животната средина и биодиверзитетот. 

Форумот обедини претставници на јавни институции, европски институции, меѓународни финансиски институции и бизнис-заедницата, со цел унапредување на дијалогот за инвестиции, олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста по должината на Коридорот 8 претворајќи го во нов мотор на развој и просперитет за регионот.