Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

Хибриден напад врз државата – Ангелов алармира дека пожарот во Трубарево е подметнат, се гасне и од земја и од воздух

Црн чад го обви Скопје. Со часови горат магацини во кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црн чад го обви Скопје. Со часови горат магацини во кои се складирани електронски отпад и пластика. Пожарот во Трубарево е аларм дека Македонија е мета на хибриден напад. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека има индиции дека пожарите што се случуваат деновиве се подметнати, а полицијата и тајните служби работат на откривање на сторителите.

Повеќе од сигурен сум дека се работи за намерно потпалување, за хибриден напад на државата. Не е нормално, гореше Вардариште, Дрисла, палење на депонија во Шутка, и денеска ова зад нас. Нашите тајни служби работат на откривање на случајот, вели диркеторот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Цел ден борба со страшниот пожар. Се гасне со вода и специјална пена, а храбрите пожарникари со посебна опрема влегоа во црниот чад и се бореа со огнената стихија.

Реклама

Сликата во Трубарево е застрашувачка. Пожарникарите, армијата и полицијата на терен се борат со големиот пожар кој изби во Ф-Групацијата која се занимава со електронски отпад. Се дејствува од копно и од воздух, со хеликоптери, ер трактори, пожарникарските возила и водените топови на ЕБР.

Ангелов, кој од терен ја координираше целата акција вели дека сите ресурси се користат максимално.

Сите ресурси кои ги имавме на располагање во Град Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. На терен се наоѓаат најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ер трактор на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење на вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето и не дозволуваат ширење на огнот, нагласи Ангелов.

И градоначалникот на Општина Гази Баба повика на одговорност.

Сите ресурси се користат максимално, се делува и од копно и од воздух. Се обидуваат да не се прошири до населените места. Се работи за складиште за електронски отпад за кое лиценцата ја дава Министерството за животна средина, и тие инспектори ја следат работата. Има индиции дека е подметнат, според она што сведочеа граѓаните. Да се надеваме дека ќе има одговорност, полицијата работи. Многу е симптоматично во овој краток временски период се забележуваат многу пожари, жалам ако некој смета дека за политички поени може ова да го користи, вели Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Пожарот изби околу 13 часот во објект наменет за складирање отпадни електрични материјали, па се прошири во простории во кои се чувала дробена пластика.

Селото Трубарево се наоѓа на 10 километри од Скопје а во близина има повеќе населени места како, Маџари, Јурумлери, Горно и Долно Лисиче.