Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Хаосот со промената на личните документи, удира и врз работата на туристичките агенции

Носењето на ад-хок мерки во пет до дванаесет и целосната неорганизираност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носењето на ад-хок мерки во пет до дванаесет и целосната неорганизираност на државата околу промената на личните документи, патните исправи и нивната важност, почна сериозно да удира и врз работата на туристичките агенции. „Моите статистики покажуваат дека споредено со овој период лани, годинава аранжманите за престојните патувања и летувања на граѓаните бележат пад од над 30 проценти“, вели Бранко Карески кој повеќе од три децении успешно води Туристичка агенција.

„Голема несигурност има меѓу граѓаните, бидејќи не се знае ништо од денеска до утре. Иако, еве знаеме дека голем број од граѓаните во изминатиов период се фотографираа и за лични карти, и за пасоши, меѓутоа, еве до последно, до денеска не се знае дали тие и ќе ги добијаат пасошите, зашто нема обрасци. Голем е проблемот“, – објаснува Бранко Карески, сопственик на Туристичка агенција.

Неизвесноста и стравот како и дали воопшто ќе се реализраат веќе договорените аранжамани, особено за Осми март и Велигден, го зголемуваат и револтот .„Со вакво нешто досега не сме се соочиле, ова е невиден дилетантизам и крајна несериозност на институциите, на државата, заради што многу ќе ни трпи бизнисот“, дециден е Карески.

Реклама

„Ако не појдат тие 30% патници, тогаш ние треба аранжманите да ги откажеме, а и да плаќаме пенали ако ги откажеме, бидејќи ние за голем дел од аранжманите за Осми март – авансираме. Значи, не може некој да те чека до последно. Ниеден хотел не чека. Ако важат личните карти барем во соседствово, тогаш ќе ни се подобри малку ситуацијата, но еве, до до ден денес, еден кажува вака, друг кажува така. Значи, со сигурност не можеме да знаеме. И почекуваме“, вели Карески.

Од туристичките агенции убедени се дека ниту една земја во светот, како туристичка дестинација, не би им направила проблем на македонските граѓани доколку патуваат со важечки патни исправи, а на кои ја нема додавката од новото име на државата. Затоа тие бараат државата Македонија, под итно да најде начин и на своите граѓани да им обезбеди легален престој во земјите во кои патуваат со веќе постоечките лични документи, барем додека тие си имаат важност. „Никој нормален човек не може да разбере како е можно со важечки пасош или лична карта да не смееш да патуваш во странство, а ваму нов пасош не можеш да извадиш?! Тоа во нормални држави е зрело за тужби“, потенцира Карески, кој инаку по професија е правник.

Каролина Дурло