Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Хаосот со личните документи удри по туристичкиот сектор

Хаосот со личните документи што ги снајде граѓаните, удри по туристичкиот сектор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хаосот со личните документи што ги снајде граѓаните, удри по туристичкиот сектор. 20 % од пролетните аранжмани се веќе откажани, а намалени се и уплатите за претстојната летна сезона бидејќи граѓаните не знаат дали до тогаш ќе имаат валидни пасоши, Алфа праша неколку туристичките агенции.

Дел од нив, се жалат дека работата им трпи, а засега прават пресметки колку пари ќе загубат поради што се уште е неизвесна рефундацијата на веќе резервираните и уплатените авио билети и аранжмани.Сопственичката на агенцијата Go Travel, Силвана Јовановка појаснува дека веќе проблемите почнале да се појавуваат, а штета трпат не само агенциите, туку и граѓаните.

Овен што нема уплати за летната сезона, аранжмани се откажуваат за Осми март, Велигден, Први мај. Јовановска вели дека прават напори, уплатените резервации коишто ќе пропаднат, да не се одразат по џебот на граѓаните.

Реклама

Од друга труристичка агенција, која инсистираше на анонимност велат дека трпат огромни загуби поради неажурноста на државата – непополнувањето на бројката на групите значи и плаќање на пенали. Агенциите имаат проблем и со бродските компании и реномираните хотели кои не враќаат пари на веќе договорени патувања.

Оттаму објаснуваат дека дури и дел од оние кои имаат нов пасош би можеле да извисат, зашто се приморани да откажуваат цели аранжамани доколку не успеат да го пополнат минималниот број на патници.