Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Хаос во светот – Технички дефекти ги погоди аеродромите, банките, медиумите, проблеми и во Македонија

Нема откажани летови на скопскиот аеродром , ниту ТАВ се соочува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема откажани летови на скопскиот аеродром , ниту ТАВ се соочува со технички проблеми и прекини, информира компанијата по интернет крахот што се случи во светот. Проблеми имаше кај нас единствено со електронското и мобилно банкарство на Прокредит банка, кое набрзо беше надминато, како и  со интернет страницата и апликацијата на Визер, па се повикаа патниците да пристигнат најмалку три часа порано на аеродром за да може да ги чекираат билетите на шалтер.

За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот, соопштуваат од Визер.

Реклама

Проблемот е глобален, од Австралија и Нов Зеланд до Америка и Канада.

Во Соединетите Држави на повеќе локации има прекини во функционирањето бројот за итни случаи 911.

Повеќе аеродроми во светот запреа со работа, а дел од големите авиокомании целосно ги приземјија флотите.

Блокираните аеродроми ги оставија патниците без летови. Интернет хаваријата најпрво ги откажа летовите во Сиднеј.

„Ќе почекаме, ќе почекаме, се е втемелено, почекајте додека системите повторно не профункционираат. Ја пропуштив можноста да се пријавам на мојот телефон, бидејќи се пријавив во три часот и најверојатно пријавувањето можеше да се направи до два часот, вели  Александар Ропикано, 29 годишен патник од Сиднеј

„Требаше да одлетаме во 17 часот. А потоа, пред околу 20 минути, добивме соопштение дека летот е откажан. Се обидов да се јавам на авиокомпанијата за да презакажам Но, тие рекоа дека не може да го презакажам затоа што веќе еднаш сум бил пријавен, вели Талула Кенеди, 30 годишна патничка на аеродромот во Сиднеј

Проблеми имаат и повеќе банки во Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Обединетото Кралство, како и британскиот и израелскиот здравствен систем.

Дефектот најверојатно е предизвикан од апдејт на оперативниот систем Windows на Microsoft, станува збор за антивирусен пакет кој го изработува фирмата CrowdStrike.

Оттаму нформираат дека ова не е безбедносен инцидент или сајбер напад и дека ороблемот е идентификуван, изолиран и издадени се безбедносни насоки.

По хаваријата на ИТ системите со  која беа прекинати услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите во светот, паднаа и акциите на двете компании одговорни за тоа.