Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Хаос во „ЈСП“: Синдикатот бара истрага и одговорност за состојбите

Расипани автобуси, несоодветно одржување, притисоци од раководството врз вработените. Кулминира хаосот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расипани автобуси, несоодветно одржување, притисоци од раководството врз вработените. Кулминира хаосот во „ЈСП“ каде вработените со месеци алармираат дека состојбата со возниот парк е многу загрижувачка.

Од Синдикатот реагираат дека само 40 % од автобусите биле исправни и дека возачите постојано се жалат и мораат да ги враќаат возилата во гаражите поради различни дефекти. Вчерашниот инцидент од Сопиште ја прелива чашата на трпение.

Синдикатот бара одговорност, оти секојдневието на возачите станува се постресно. Бараат детална истрага и надлежните органи да реагираат за во иднина да не се повторат вакви незгоди:

Реклама

„Некое возило не влече, во некои нема парно на ладно време, за некои автобуси нема делови и затоа возачите ги враќаат назад во гаражите. За 58-те буквално немаше исправни автобуси да возат. И другите возила не се безбедни. Директорот подобро да им се извини на луѓето за изјавата за саботажа. Нека рече подобро дека ја дал затоа што бил револтиран, затоа што за шест месеци речиси четири возила беа запалени. Нека се извини подобро, а експертите да испитаат што е причината за пожарот“, рече Меџит Идризи, генерален секретар на СПАЈС.

Од синдикатот на „ЈСП“ се гневни што директорот, Драги Кушевски, отвора сомнежи за наводни саботажи како оправдување за катастрофалните состојби. Неговата изјава велат не само што е неточна, туку и контрадикторна.

„Јас мислам дека директорот со изјавата направи голема грешка. Како може да е саботажа кога возилото уште од пет сабајле почнува да вози, а се запали околу 12 и 30. Ако е саботажа требало да се запали уште од сабајле. Зошто не се запалија од страната кај возачот? Сите се запалуваат назад кај моторот. Зошто?

Кушевски по вчерашниот инцидент со изгорениот автобус со број 58 во Сопиште рече дека имал сознанија за саботажа, но, не сакаше да сподели детали.

„Ние имаме одредени сознанија ама сепак низ соодветните постапки сакаме да видиме дали се тие основани или не. Така да треба тоа да се докаже низ соодветните постапки. Значи се сомневате дека е подметанат? Не го реков јас тоа, реков дека имаме сознанија, е сега дали се тие такви или не, треба да ги докажеме низ соодветни постапки“, изјави Драги Кушевски.

Вработените и синдикатот на ЈСП постојано алармираат дека состојбата е многу загрижувачка, а секојдневието на возачите станува се постресно. Освен неколкукратна промена на директорите, градската власт досега не најде решение за хаосот во јавното претпријати. 

„ЈСП“ минатата година доби од Европската Унија шест еколошки автобси кои се уште стојат во гаражите. Раководството тврди дека постапката за нивно осигурување била завршена и сега се очекува само регистрацијата за да се пуштат во сообраќај.

Љубиша Владимиров