Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Хаос поради „северните“ возачки дозволи: Главни виновници Ковачевски и Спасовски

Главни виновници за хаосот со личните документи, не е никој друг туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главни виновници за хаосот со личните документи, не е никој друг туку екс-премиерот Ковачевски и неговиот министер за внатрешни работи Спасовски. Токму тие до пред само еден месец лажеа и го доведоа во заблуда народот дека не мора да брза со менување на личните документи, освен пасошите. Иако знаеа дека се направени измени на законите и дека возачките дозволи без терминот „северена„ нема да важат, тие велеа дека вез потреба се кревало паника и дека документите ќе си важат.

Има неколку типови на лични документи, оние кои што се за внатрешна употреба, тие ќе важат, како на пример личните карти, а пасошите не се вадат заради институциите, туку се вадат за да граѓаните можат да патуваат, бидејќи вие со пасош патувате надвор, кажа Ковачевски на 12.01.2024-та.

Истиот ставот го повтори и четири дена подоцна, па дури тогаш прецизираше дека и возачките ќе важат по 12-ти февруари.

Реклама

-Личната карта и со Република Македонија на неа, таа се користи за внатрешна употреба. Возачката дозвола за да возите во нашата држава, се користи пак за внатрешна употреба, изјави Ковачевски на 16.01.2024-та.

Сличен беше и ставот на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој на 17-ти јануари ни порача дека рокот 12-ти февруари важел само за пасошите.

Таков рок имаме во патните исправи, заради што директно е поврзано со Преспанскиот договор и практично во тој дел треба да дојде до промената на патните исправи, изјави Ковачевски на 17.01.2024-та.

Актуелната состојба не требаше да ја има, барем според она што беше ветувано од Владата пред речиси шест години. Тогашниот портпарол на Владата предводена од Заев, Миле Бошњаковски кажа дека нема да има импликации врз буџетот на обичните луѓе, односно сите лични документи ќе се менувале кога ќе истече нивната важност.

-Нема да има во еден ден да се менуваат сите патни исправи, туку која патна исправа како и завршува како и истекува рокот ќе се менува. Што значи тие трошоци по однос на патните исправи ќе бидат во насока на редовните трошоци за патни исправи кои што ги имаат граѓаните на Република Македонија. За сите други трошоци во моментов се прави анализа, постои можност истите да бидат спакувани на начин на кој што граѓаните на Република Македонија нема да почуствуваат никаков дополнителен трошок, изјави Бошњаковски на 13.06.2018-та.

Инаку поради Преспанскиот договор, од полноќ нема да биде можно да ја напуштите државата без пасош или лична карта на која го нема новото име на државата.

Матеја Петровски