Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески остварил посета на Банката на Англија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески остварил посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и размена на експертски искуства со една од најстарите централни банки во светот.

Во текот на посетата, како што соопшти денеска прес-службата на Народната банка, гувернерот остварил повеќе средби со високи претставници на Банката, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

– Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал, информира Народната банка.

Реклама

Гувернерот одржал средби и со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговарало за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата е во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.