Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува дека СЕПА претставува „суштинска трансформација, а не само техничка промена“, којашто директно ги подобрува квалитетот и достапноста на платежните услуги, се вели во соопштението од Народна Банка. 

Од 7 октомври, девет банки во земјава веќе извршуваат кредитни трансфери преку СЕПА, а до крајот на годината се очекува целосно приклучување на десет банки. Благодарение на членството во СЕПА, надоместоците за плаќања се намалија повеќекратно. Така, за трансакција од 500 евра граѓаните сега плаќаат околу 4 евра, наместо околу 25, а деловните субјекти за трансакција од 20.000 евра што чинеше околу 80 евра, сега плаќаат помалку од 10 евра. Овие промени претставуваат годишни заштеди од околу 20 милиони евра на ниво на економија, а времето за извршување на плаќањата се скрати од неколку дена на најчесто помалку од два часа.

По приклучувањето кон СЕПА, следната стратегиска цел е воспоставувањето инстант плаќања, односно трансакции што се извршуваат за неколку секунди, 24 часа дневно. Народната банка, заедно со централните банки од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, работи на заеднички регионален систем за инстант плаќања заснован на европската платформа ТИПС на Банката на Италија. Целта е создавање интероперабилен платежен простор меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, што ќе овозможи едноставни и брзи плаќања во денари во земјава, подобар обрт на средствата за фирмите, пониски трошоци за прекуграничните трансакции и инстант пристигнување на дознаките во евра.

Реклама

Во периодот што следува, модернизацијата на платниот систем ќе биде насочена кон целосно искористување на новата инфраструктура, дигитализација на плаќањата, намалување на употребата на готовина и дополнително усогласување на регулативата со европските стандарди. Со ова се обезбедува поголема транспарентност, иновативни услуги, фер конкуренција и повисока заштита на корисниците. „Модернизацијата на плаќањата е инвестиција во конкурентноста на економијата. Но, зад секоја технологија мора да стои довербата, како во системот и во институциите, така и во стабилноста на валутата“, нагласува гувернерот Славески.

Реформите во платниот систем се вложување во подобар стандард на граѓаните, поефикасно работење на компаниите и посилна, европски интегрирана економија. СЕПА и инстант плаќањата ја отвораат вратата кон иднина во која секој трансфер е брз, сигурен и достапен, иднина што ја градиме за новите генерации и модерен европски платежен простор.