Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Гувернерот Славески на средба со австралискиот амбасадор, во фокусот можностите за унапредување на соработката

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил средба со амбасадорот на Австралија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која биле разгледани тековната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување.

– Во фокусот на разговорите беа макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат и двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток. Дополнително, разговарано беше и за можностите за унапредување на економските врски преку зголемена инвестициска присутност на австралиските компании во земјата. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка помеѓу централните банки на двете економии. Особено се нагласи и значењето на македонската дијаспора во Австралија како фактор што придонесува за економски поврзувања, вклучително и преку дознаки, бизнис-иницијативи и инвестициски текови – стои во објавата на Народната банка на „Фејсбук“.

Средбата била оценета како конструктивна во насока на натамошно продлабочување на економскиот дијалог меѓу двете земји.