Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ѓурчевски: Битката против криминалот и корупцијата ќе се засили

15 цариници митаџии, полицаец и уште 13 макроа и дилери се дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

15 цариници митаџии, полицаец и уште 13 макроа и дилери се дел од криминалните групи што само оваа недела паднаа во рацете на МВР, но ова е само почеток на засилената броба против организираниот криминал во земјава.  Вака дел од познавачите ги оценуваат последните големи акции, а во блиска иднина очекуваат разбивање и на други групи. Според поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски, организираниот криминал ќе се стави под контрола.

Цариници кои со години земале мито се дел од институциите на системот во кој царувал криминал без никој да преземе нешто, коментира поранешниот началник. Исто така, апсењата на макроата од Западна Македонија кои подведувале девојки и организирале дилање дрога, ќе ги запре уличните пресметки на ситните дилери коишто се пукаат по улици, прогнозира Ѓурчевски.

Според детали од истрагата за нелегалната проституција во Западна Македонија,  главниот осомничен го организирал криминалот со помош на неговиот брат, кој управувал со два струптиз клуба во Тетово.

Реклама

Трет осомничен раководел со стриптиз клуб во Охрид, каде што странски државјанки биле наведувани на проституција. Четвртиот осомничен бил задолжен за организирање на патувањето на девојките во Македонија и нивниот престој.

Пет лица од криминалната мрежа ги снабдувале со дрога и клиентите и девојките кои работеле во клубовите.

Дел од криминалната група се и затворски службеник од Тетово и виш инспектор од локалната полиција.

Цариниците, пак од акцијата под кодно име „Премин“примале поткуп од 20 до 150 евра,а ниту ја пресметувале и наплатувале царината. Меѓу нив има и полицаец, а според доказите на МВР, митото си го делеле меѓусебно.

Минатиот месец во рацете на полицијата падна и струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Во неговите фирми влегоа УЈП, Министерство за фианнсии, обвинителството и полициски инспектори. На Крмзов судот му го одземе пасошот, а обвинителството допрва треба да строчи обвинение за затајување на данок и перење на пари.